Капело остана без сон по поразот на Италија од БиХ
- – Италијанскиот фудбал доживеа нов шок откако синоќа нивниот национален тим по изведувањето на пенали загуби од Босна и Херцеговина во баражот по изведување на пенали
Милано, 1. април 2026 (МИА) – Италијанскиот фудбал доживеа нов шок откако синоќа нивниот национален тим по изведувањето на пенали загуби од Босна и Херцеговина во баражот по изведување на пенали. Ова е трето Светското првенство на кое „азурите“ нема да настапат.
„Цел ноќ око не затворив. Не можам да верувам што се случи. Зборуваме за четирикратен светски првак. Ова е светска трагедија, срамота. Ова е нешто најлошо што му се случило на италијанскиот фудбал во неговата историја, изјави прославениот италијански стручњак Фабио Капело.
Тој надополни дека се потребни промени, но дека никој не поднесува оставка. Притоа го „прозва“ претседателот на федерацијата и управниот одбор.
Италија по третпат нема да учествува на Светско првенство претходно беа елиминирани во бараж дуелите од Шведска (СП 2018) и Македонија (СП 2022). мн/
Фото: ЕПА