Барбарез: БиХ ја покажа својата сила против тим од светска класа
- Селектор на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа впечатоците за триумфот над Италија (1:1 4:1 на пенали) синоќа во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
Зеница, 1 април 2026 (МИА) - Селектор на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа впечатоците за триумфот над Италија (1:1 4:1 на пенали) синоќа во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
- Нашата репрезентација имаше некои проблеми на почетокот на првото полувреме. Ни недостасуваше организација, не бевме таму каде што требаше да бидеме и не можевме да се справиме со противникот. Затоа дозволивме многу контранапади. Но, верувавме во себе од првата минута и ја покажавме нашата сила против тим од светска класа кој се брани добро дури и со десет играчи, изјави Барбарез на веб-страницата на УЕФА.
Босна и Херцеговина ќе игра во групата Б против Канада, Катар и Швајцарија на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во јуни во САД, Канада и Мексико.
Италија ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. Последното Светско првенство на Италијанците беше Светското првенство во 2014 година. зс/
Фото: ЕПА