Гатузо: Тажни сме но тоа е фудбалот
- Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
Зеница, 1 април 2026 (МИА) - Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
- Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута... тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница.
Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред.
„Азурите“ последен пат на еден фудбалски Мундијал играа во 2014 година. зс/
Фото: ЕПА