• сабота, 23 ноември 2024

Турција и Грција подготвени да започнат преговори за Медитеранот

Турција и Грција подготвени да започнат преговори за Медитеранот
Анкара, 22 септември 2020 (МИА) - Турција и Грција се подготвени да започнат преговори за несогласувањата околу источниот дел на Медитеранот, објави денеска турското претседателство. На видео конференција меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочено е дека „Турција и Грција се подготвени да започнат преговори“ за источниот Медитеран, каде што двете земји се расправаат за потенцијалните зони богати со природен гас. Ердоган на состанокот рече дека „овој замав насочен кон намалување на тензиите и искористување на каналите за дијалог мора да биде поддржан со реципрочни мерки“, се додава во соопштението. Во петокот, турскиот претседател изрази подготвеност да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ако види знаци на „добри намери“. Последната рунда преговори меѓу двете страни со цел да се решат несогласувањата на Медитеранот се одржа во 2016 година. Таа криза е исто така на агендата на Европскиот самит што ќе се одржи во Брисел на 24 и 25 септември. паг/  

Остани поврзан