• вторник, 01 октомври 2024

Турски државјанин осомничен за криумчарење златен накит на „Богородица“

Турски државјанин осомничен за криумчарење златен накит на „Богородица“

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Турција со привремено престојувалиште во Република Франција, поради сомнение дека на граничниот премин „Богородица“ пренел седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама, вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, постои основано сомнение дека сторил „криумчарење“.

-Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „Ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил, стои во соопштението од ОЈО.

Дополнуваат дека со оглед на тоа дека постои реална опасност од бегство и дека неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, по предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.ар/лв/

фото.МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан