• понеделник, 23 декември 2024

„Трчам за децата со цистична фиброза“, Детска клиника на „Авицена женска трка“

„Трчам за децата со цистична фиброза“, Детска клиника на „Авицена женска трка“

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - „Трчам за децата со цистична фиброза“ е мотото под кое претставници на Клиниката за детски болести - Скопје, денеска се приклучија на „Авицена женска трка“. Годинава, тимот на клиниката ја посветува трката на покревање на свеста и поддршка на децата со една од најчестите ретки болести.

- Оваа година, трката се одржува на Светскиот ден на здравјето - 7 април. Клиниката за детски болести настапува како тим составен од педесетина лекари и друг медицински персонал. Тимски работиме на сите пациенти со оваа болест, да им биде обезбедена рана дијагноза и да им биде овозможен најсовремен третман, изјави за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска Чолаковска.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Градот, денеска во главниот град се одржува 12. издание на „Авицена женска трка“. бд/аа/

Фото: Клиника за детски болести - Скопје

Остани поврзан