• четврток, 09 април 2026

Ливерпул без повредениот Салах против Брајтон

Ливерпул без повредениот Салах против Брајтон

 

Ливерпул, 20 март 2026 (МИА) – Тренерот на актуелниот англиски првак Ливерпул, Арне Слот, потврди денеска дека Мохамед Салах е повреден и ќе го пропушти утрешниот натпревар од Премиер лигата против Брајтон.

„Тој е повреден и нема да биде во составот за утре. Добрата работа за Ливерпул е што има пауза за репрезентативни натпревари, но ниту египетската репрезентација нема да може да се потпре на него“, изјави Слот.

Англиските медиуми јавија дека Салах има повреда на мускулот и сега е во трка со времето за да биде подготвен за четвртфиналето на ФА Купот во кое Ливерпул ќе игра против Манчестер Сити.

„Салах покажа дека може да се закрепне побрзо од другите бидејќи добро се грижи за себе. Се надеваме дека ќе биде со нас по репрезентативната пауза“, посочи Слот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан