Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини
- Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата дека ќе воведат царини за канадски увозни производи, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

Монтреал, 19 февруари 2025 (МИА) - Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата дека ќе воведат царини за канадски увозни производи, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Ако некогаш и бидат наметнати царини на Канада, нашиот одговор ќе биде итен и силен, но ние не го сакаме тоа. Ќе работиме за да бидеме сигурни дека тие нема да се појават“, рече тој на прес-конференција во Монтреал.
Одлуката за воведување царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико беше суспендирана на 30 дена на почетокот на февруари и ќе стапи на сила до првата недела од март. рп/
Фото: МИА архива