• вторник, 24 декември 2024

Тројца кандидати за градоначалник на Општина Желино се потпишаа на Кодексот за фер и демократски избори

Тројца кандидати за градоначалник на Општина Желино се потпишаа на Кодексот за фер и демократски избори
Тетово, 26 септевмри 2021 (МИА) - Во просториите на Општина Желино тројца од четворицата кандидати за градоначалници го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за оваа локална самоуправа. На документот свој потпис ставија Фатмир Изаири кандидат на ДУИ, Мехдин Назифи кандидат на ДПА, како и Блерим Сејди од Движење Беса. -Кандидатот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и Алтернатива Махир Зибери не извести дека не може да дојде и не може да испрати овластен претставник во тој термин за кого беше закажано потпишувањето, изјави Бујар Сулејмани, претседател на Општинската изборна комисија Желино. Во Општина Желино покрај четворица кандидати за градоначалник има и пет листи со кандидатите за советници. ас/цр/

Остани поврзан