• вторник, 18 март 2025

Тројца загинати во Швајцарија по пад на мал авион од Данска

Тројца загинати во Швајцарија по пад на мал авион од Данска

Женева, 18 март 2025 (МИА) – Три лица загинаа откако мал авион од Данска се урна во Швајцарија доцна синоќа, јави ДПА.

Авионот се урнал во близина на куќи, но никој надвор од авионот не бил повреден, соопшти денеска швајцарската полиција во Граубинден.

Жртвите се претседателката на адвокатската фирма Хортен, уште еден долгогодишен адвокат во компанијата и нивниот син, соопшти фирмата за данската новинска агенција Рицау. Во авионот немало други луѓе.

Едномоторниот пропелер авион пристигнал во Швајцарија од Данска на 13 март и се враќал во Роскилде од аеродромот Самедан.

Две минути по полетувањето се урнал и целосно изгорел.

Причината за несреќата засега не е позната, а властите почнаа истрага. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Остани поврзан