• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса на тема „Отпад и пакување од отпад“ во Скопје

Тркалезна маса на тема „Отпад и пакување од отпад“ во Скопје

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи втората и финална тркалезна маса на тема отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои сè уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во државата.

На настанот, кој го организира здружението „4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје, најавено е присуство на заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година.

- Наш придонес кон оваа тема ќе биде понуда која нуди конкретно решение за собирање, селекција и преработка не скоро па целиот композитен отпад кој во моментов не е предмет на економски исплатлив процес во нашето општество, па и пошироко, велат од здружението.

На настанот, како што информираат организаторите, гостинот и експерт од Република Србија ќе демонстрира изработка на краен 100 отсто еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад кој во овој момент е огромен проблем за сите нас во општеството. ир/лв/

 

Фото: Здружението „4х4х4 Балкански Мостови“ 

 

Остани поврзан