• сабота, 23 ноември 2024

Три награди за актерите од Летечка театарска трупа Тетово од театарски фестивал во Уб, Србија

Три награди за актерите од Летечка театарска трупа Тетово од театарски фестивал во Уб, Србија

Тетово, 14 ноември 2024 (МИА) - Три награди добија актерите кои ги толкуваат улогите во претставата „Момчето со пругасти пижами“ од Летечка театарска трупа-Тетово на театарскиот фестивал во градот Уб во Србија.

„Три награди од стручното жири- најдобра главна машка улога за Владимир Јованоски (Франц Вајсман), најдобра женска главна улога за Мелиса Ценовска Серафимовска (Елса Вајсман) и најдобра машка споредна улога за Никола Стојаноски (Бруно Вајсман).  Наградите се ехо на љубовта кон театарот. Тие се обврска, заклетва и залог. Тие се бреме кое можат да го носат оние што остануваат приземни кога ги наградуваат и скромни кога ги фалат. Наградите им ги посветуваме на сите што играат на даските што живот значат, велат од Летечка театарска трупа.

Тие учествуваа со претставата на театарскиот фестивал Repassage Fest. Оваа манифестација постои од 2007 година, организирана од општина Уб и Установата за култура и спорт „Уб“, на која настапуваат најдобрите аматерски театри од просторот на поранешна СФРЈ.  ас/цр

Фото: ЛТТ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан