• понеделник, 17 март 2025

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Атина, 16 март 2025 (МИА) – Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

- Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари од Клиничката болница во Штип најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство. ср/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан