• сабота, 23 ноември 2024

Три лица приведени во Дебар, принудувале деца на питачење 

Три лица приведени во Дебар, принудувале деца на питачење 

Дебар, 25 ноември 2023 (МИА) - Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи - Дебар привеле три лица кои принудувале деца на питачење.

-Вчера  во 11:40 часот, во ОВР Дебар, приведени се С.Д.(33), Д.М.(27), двајцата од Скопје како и В.И.(22) од Куманово. При извршени контроли на улицата „1 мај“ во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените како на питачење наведуваат малолетни лица, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него по извршени разговори во присуство на претставник на Центарот за социјални работи од Дебар и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 И покрај преземените мерки од страна на полициските службеници, во градот  редовна е појавата на питачење. Станува збор за деца но и возрасни кои тука доаѓаат главно од Прилеп, Велес и Гостивар. вт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан