• сабота, 23 ноември 2024

Три лица извршиле „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ при регистрација на кола

Три лица извршиле „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ при регистрација на кола

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ со намера да регистрираат патничко возило. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи осомничени се лицата А.З.(75) од село Шемшово, С.И.(56) од село Стрелци и М.Н.(50) од село Мала Речица.

Во јуни 2014 година  првопријавениот, со намера да го регистрира во државата неговото патничко возило „форд ескорт гаф“, кое не ги исполнува ЕУРО стандардите, му го продал на второпријавениот, со фиктивен странски купопродажен договор, како да бил склучен помеѓу двете лица, но во Германија.  Потоа, искористувајќи го законскиот исклучок кој се однесува за македонски државјани кои престојуваат во странство миниум една година без прекин и можноста во странска држава да поседува моторно возило најмалку шест месеци за да може да изврши регистрација на возилото во РСМ, второпријавениот, кој ги исполнува споменатите услови, заедно со третопријавениот кој бил ополномоштен да ги презема сите дејствија за регистрација на возилото, на 04.06.2014 извршиле царинење на возилото на име на второпријавениот. Потоа во Бирото за метрологија при Министерството за економија го употребиле странскиот фиктивен купопродажен договор и потврдата за престој издадена од МВР на РМ-Отсек за управни работи Охрид, по што била издадена потврда за отворање на постапка за идентификација за наведеното возило, и на тој начин извршил регистрација на истото со македонски регистарски таблички. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан