• вторник, 24 декември 2024

Трипл-дабл на Дончиќ во триумфот на Далас над Клиперс

Трипл-дабл на Дончиќ во триумфот на Далас над Клиперс
Орландо, 24 август 2020 (МИА) – Екипата на Далас го совлада Лос Анџелес клиперс со 135:133 по продолжение (24:34, 34:32, 35:19, 28:36, 14:12) и го изедначи резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи. Најзаслужен за триумфот на Далас во четвртиот меч од 1. коло од плеј-офот во НБА лигата беше Лука Дончиќ кој имаше трипл-дабл со 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции. Следниот натпревар ќе се игра на 26 август. Во второто коло веќе се пласираа Бостон и Торонто по „метлата“ против Филаделфија, односно Бруклин. На чекор до конференциско полуфинале е и Јута по победата ноќеска над Денвер. Резултати: Филаделфија – Бостон 106:110 (0-4 во победи) Далас – ЛА клиперс 135:133 (2-2) Бруклин – Торонто 122:150 (0-4) Јута – Денвер 129:127 (3-1). зс/

Остани поврзан