• сабота, 09 ноември 2024

Тридневен меѓународен натпревар за млади пијанисти во Гевгелија

Тридневен меѓународен натпревар за млади пијанисти во Гевгелија
Гевгелија,14 јуни 2022 (МИА) - Од денеска до четврток Гевгелија е домакин на педесетина млади пијанисти од Косово, Бугарија и Северна Македонија, кои под менторство на познатиот пијано мајстор Глигор Гелебешев ќе учествуваат на јубилејниот десетти меѓународен натпревар за млади пијанисти „Гевгелија 2022“. Маестро Гелебешев посочи пред децата и нивните родители дека се собираат по двегодишна пауза поради ковид-пандемијата и дека заедно со натпреварувачите во задолжителните пет категории нестрпливо очекуваат да покажат колку станале вешти во изведбите на делата од светските мајстори на класичната музика. Одржувањето на јубилејниот меѓународен натпревар го подржуваат општина Гевгелија и хотелот „Аполонија“, а настапот на младите пијанисти ќе го оценува тричлена жири-комисија составена од професори по музика од Бугарија, Хрватска и Северна Македонија. им/сст/

Остани поврзан