• сабота, 23 ноември 2024

Трибина на Македонски концепт во Битола

Трибина на Македонски концепт во Битола

28 април 2023

Вчера во Битола (27.04.2023 година), бројни граѓани од градот и регионот учествуваа на народната трибина на која се промовираа дел од решенијата од проектот Рестарт ЗА Македонија, во организација на новата партија Македонски Концепт.

Клучната порака од трибината ја упати лидерот на партијата, Петар Богојески кој повика на создавање на широка опозициска платформа во земјава која ќе ги обедини сите опозициски партии, организации, движења и поединци и ќе го симне „заевизмот“ од власт. Само така ќе биде поразен обидот за наметнување на „албанска власт“ врз Македонија со поддршка на остатоци од СДСМ измеќарска, при што мнозинството етнички Македонци ќе бидат исклучени од донесување на клучни одлуки за иднината на земјата, што претставува огромен фактор ризик за нова безбедносна криза и меѓуетнички тензии.

Богојески истакна дел од народните проекти, кои ќе бидат реализирани од нови чесни, поштени луѓе во политиката, како потребата од донесување на нов граѓански Устав, со кој ќе се затворат сите внатрешни и надворешни безбедносни ризици, ќе се интегрираме во ЕУ без влез на бугари во него. Истакна решение за 50% намалување на администрацијата преку т.н. „јавно претпирмеништво“, укинување на преку 500 непотребни и целосно нефункционални институции, а преку проектот „Државен шалтер“, администрацијата ќе стане „слуга на граѓаните“, пристапна и достапна 24/7/365, решение за фалсификуваниот Попис 2021, незаконскиот балансер за вработување во администарција и отпуштање на сите незаконски вработени во тој основ.

Внимание кај присутните граѓани предизвика проектот „Достоен пензионер“ кој овозможува најниска пензија на ниво на најниска плата и дирекна грижа за здравјето на пензионерите преку домашна годишна контрола од лекарски тимови од јавното здравство и проектот „Колку знам, толку добивам“, кој ќе воведе само еден едноставен државен испит пред запишување на факултет и целосно ќе го реши проблемот со непотизмот и неквалитетот на образованието.

Свои излагања имаа и Татјана Трајковска, директор на Центарот за истражувања и анализи на партијата, професионалец за јавни финансии и банкарски системи, со промоција на проектот „Бесплатна струја за секое семејство“, кој нуди решение како да се прекине кражбата на електрична енергија, а во исто време преку државна поддршка од незначителни средства за Буџетот на РМ, ќе се постигне бесплатна струја за секое семејство во рамки на просечната потрошувачка.

На темата „Поврзана Пелагонија“ од делот за инфраструктура - рамномерен регионален развој, изградба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, со поврзување на Брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, паралено со инвестициите во полошкиот регион, говореше д-р. Оливера Клинчарова, доктор по економски науки и Тим лидерот за реален човек во партијата.

За прв пат, токму во Битола, градот кој е уништен од корупција, од страна на м-р. Владо Бангиевски, адвокат и Тим лидер на правниот тим на Македонски Концепт го промовира проектот „Контролна Влада“, со кој ќе се постигне состојба на „држава без корупција“, на начин на кој извршната власт ќе се подели на две области, извршна и контролна, при што ќе управуваат победниците на изборите, а ќе контролираат опозиционерите преку раководење на дел од

специјализираните институции, како Јавно обвинителство, Финансиска полиција, Организиран криминал, Комисија за антикорупција и сл.

Гаранција за реализација на проектот Рестарт ЗА Македонија е влез на Македонски Концепт во Парламент, каде идните пратеници ќе дејствуваат како ДИПЛОМАТИ на јазик, а ПАТРИОТИ на дело!

На трибината дел од присутните поставија низа прашања, повеќето од локален карактер, особено во делот на проблемите со нефункционалниот здравствен систем во Битола и проблемите со плаќањето на струјата од страна на битолчани за крадената струја од граѓаните од други региони во Македонија.

Тим за комуникации на Македонски концепт 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан