• петок, 15 ноември 2024

Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот

Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот

Софија, 15 ноември 2024 (МИА) -  Бугарските пратеници претпладнево ќе одржат нова седница - трет обид да изберат претседател на 51. Народно собрание. 

Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание - на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна. На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат, јави БТА.

За функцијата беа предложени пет кандидати - Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП - Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.

Раја Назарјан и Андреј Цеков излегоа на втор круг во двете постапки за избор на претседател, но ниту еден од нив не го доби потребниот број гласови. зш/

Остани поврзан