Трет американски судија ја блокираше наредбата на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање
- Американскиот судија Џозеф Н. Лапланте е трет федерален судија, кој ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за укинување на државјанство кое по автоматизам се добива по раѓање на деца од лицата кои илегално се во САД
![Трет американски судија ја блокираше наредбата на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање](https://mia.mk/index.php/images/20250210180432_big_730x400_53.webp )
Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) – Американскиот судија Џозеф Н. Лапланте е трет федерален судија, кој ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за укинување на државјанство кое по автоматизам се добива по раѓање на деца од лицата кои илегално се во САД.
Лапланте наведе дека не е убеден во одбраната на извршната наредба на администрацијата на Трамп и оти подоцна ќе ја објасни својата одлука.
Извршната наредба на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање претходно ја блокираа судии во Сиетл и Мериленд.
Групите за права на имигрантите „КАСА“ (CASA) и Проектот за застапување на барателите на азил тврдат дека наредбата на Трамп го прекршува правото на американско државјанство содржано во 14-тиот амандман на Уставот, во кој се наведува дека секој роден во САД е државјанин на таа земја. ми/
фото: МИА архива