Пандовски: Со 40 поени, што е за два помалку од лани бележиме пад од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024.
- -Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.
![Пандовски: Со 40 поени, што е за два помалку од лани бележиме пад од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024.](https://mia.mk/index.php/images/20250211121411_big_730x400_74.webp )
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.