• среда, 25 декември 2024

Тренчевска - Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на Северна Македонија

Тренчевска - Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на Северна Македонија
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, на која беше потврдена одличната соработка помеѓу двете држави, во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. - Холандија е голем поддржувач на нашата држава и за нас тоа е од големо значење. Соработуваме во многу  значајни области како заштита на човековите права, маргинализираните категории на граѓани, борбата за родова еднаквост и против било каков вид на дискриминација, превенција и заштита од насилство врз жената и семејно насилство, рече Тренчевска. Таа изрази и благодарност за поддршката кој ја доби нашата држава од Холандија за спроведување на активности неопходни за успешно спроведување на Истанбулската конвенција. Резултатите од имплементацијата на законските решение и регулатива ќе придонесат за обезбедување на поголема заштита и унапредување на правата на сите граѓани. Притоа беше нагласена и потребата од јавна кампања со цел подигнување на свеста за насилството, чија што подготовка е во последна фаза и наскоро ќе започне. Холандскиот амбасадор ја истакна големата поддршка на земјава во усогласувањето на нашето законодавство со европското, „бидејќи така државата ги внесува европските вредности, но уште позначајно е обезбедувањето на поголема заштита на човековите права, на правата на граѓаните на Северна Македонија“. На средбата се зборуваше и за подготовката на новиот Закон за работни односи, кој ќе биде во согласност со потребите на новото современо општество. Во таа насока, таа најави промени во времетраењето на договорите на определено време, нови форми на договори, како воведување на работа од дома и работа од далечина, промени во родителското отсуство и друго. Соговорниците разговараа и за вложувањето во изградба на нови градинки, како и спроведување обуки за зајакнување на компетенциите на стручниот кадар, кои се во насока на обезбедување на квалитетен предучилишен процес. На средбата стана збор и за пензионерите, како една од ранливите категории граѓани. Министерката информираше за воведувањето на новата методологија за раст на пензиите, како и за правилните политики кои придонесоа за стабилен пензиски систем. Исто така, се разговараше и за младинските политики, како и поддршката која младите ја добиваат преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување , чија реализација бележи голем успех. Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на воспоставената соработка, како и пренесување на искуството на Холандија во сите области под надлежност на министерството, кое што е од големо значење за нас како држава. мч/сп/

Остани поврзан