• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Цените не се намалија, власта да ги прифати законските решенија на СДСМ

Тренчевска: Цените не се намалија, власта да ги прифати законските решенија на СДСМ

Скопје, 9 ноември 2024

Така наречената мерка на владата за замрзнување на маржите или есенска потрошувачка кошничка е погрешна и беше задоцнета, па освен трговците, граѓаните воопшто не почувствуваа никаков резултат или намалување на цените на производите. Затоа власта треба да го прифати Законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на минималната плата, рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Синдикалната потрошувачка кошничка  покажува дека за едно четиричлено семејство требаат 61.249 денари, само 57 денари во октомври се намалила, од ефектите на есенската потрошувачка кошничка, што е најголема потврда дека не донесе бенефит за граѓаните. Очигледно министерот за економија и труд живее во две различни планети, зошто според државниот Завод за статистика, цените на мало во месец октомври се намалиле само за 0,1 процент. Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5 проценти, а цените на мало се зголемиле за 3,9 проценти за овој период. И тоа покажува дека есенската кошничка не дава резултати, рече Тренчевска.

Затоа бараме власта да се преиспита и да ги усвои законите кои ги предлага СДСМ за намалување на цените и повеќе пари кај граѓаните.

-Бареме да се усвои Законот кој го предлага СДСМ, за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно. Како и  да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените и Законот за поголема минимална плата. Особено сега кога е намалена просечната плата за 1000 денари,  рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ

 

 

Остани поврзан