• среда, 25 декември 2024

Тренчевска - Фугер: Нови проекти за социјална заштита за помош на ранливите категории

Тренчевска - Фугер: Нови проекти за социјална заштита  за помош на ранливите категории
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер, на која е разговарано за проекти и активности на полето на социјалната заштита. Како што информираат од МТСП, на средбата биле разменети и искуствата за услугата за поддржано вработување на ранливата категорија на граѓани, за младите во ризик и нивно враќање во образовниот и работниот процес, за заштита од семејно насилство, за измените во Законот за работни односи во делот на родителско отсуство и за мажите. Министерката Тренчевска посочила дека Република Австрија како пријателска земја е силен поддржувач на социјалните реформи и на интеграцијата во ЕУ и дека со потпишаниот меморандум за соработка, активно се продолжува соработка меѓу двете земји. Таа рече дека Законот за работни односи се усогласува со европските директиви. - Со новиот предлог закон за работни односи ќе воведеме родителското отсуство со кое и таткото ќе може да се грижи за детето. Во моментот таткото има право да земе отсуство заради раѓање на детето, но тоа многу малку се користи. Со новиот ЗРО ова право останува и дополнително се предлага да има денови кои задолжително ќе му следуваат на таткото, рече Тренчевска. Австрискиот аташе Фугер информирал дека наскоро ќе почне да се имплементира проект со кој мажите ќе бидат вклучени во негувателската професија. - Пилотираме услуги на поддржано вработување во пет региони во Македонија. Овие проекти веќе се при крај и наскоро ќе почнат да се имплементираат. Со проектот „Втора шанса“, на младите луѓе кои се надвор од образовниот и работниот процес, ќе им се помогне да се вратат назад во системот. Тие ќе добијат поддршка за стручно образование и вработување. Работиме и на проектот за борба против домашното насилство и за жртвите и за сторителите, рече Фугер. Оттаму посочија дека МТСП и центрите за социјална работа активно работат на овoj предизвик и на мулти институционалнит пристап за справување со родово базирано насилство, насилство врз жените и семејното насилство. Тренчевска потенцираше дека во текот на оваа година согласно Истанбулската конвенција ќе се воспостават пет специјализирани сервиси за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и дека се работи на воспоставување на електронски систем со кој сите информации за жртвата од пријавувањето па се до судската пресуда ќе бидат на едно место.фф/

Остани поврзан