• сабота, 23 ноември 2024

Тренерот на косовските џудисти, Кука доби почесен докторат од Приштинскиот универзитет

Тренерот на косовските џудисти, Кука доби почесен докторат од Приштинскиот универзитет

Приштина, 22 септември 2022 (МИА) – Најголемиот косовски Универзитет, „Хасан Приштина“ му ја додели денеска титулата „Доктор хонорис кауза“ на Дритон Кука, тренерот на репрезентацијата на Косово во џудо, најтрофејниот спорт во државата од нејзиното осамостојување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти државниот универзитет во Приштина, почесниот докторат на Кука му се доделува „за придонесот во областа на спортот и во афирмацијата на Косово на меѓународната арена“.

Под водство на Кука, косовските џудистки на минатите две Олимпијади – Мајлинда Келменди во Рио 2018 и Дистриа Красниќи и Нора Ѓакова во Токио 2020 – ѝ донесоа на Косово три златни медали. Голем е бројот на златни, сребрени и бронзени медали што, под водство на Кука, во изминатите повеќе од десет години ги освоија косовските џудистки и џудистки и на светските, европските и други првенства, како и на најпрестижните турнири во џудо низ светот.

На крајот на минатата година, Светската федерација на џудото го прогласи Дритон Кука за најдобар тренер во светот за 2021 година. иа/паг/

Остани поврзан