• сабота, 16 ноември 2024

Трговскиот дефицит на Романија минатата година се искачи на 18,38 милијарди евра

Трговскиот дефицит на Романија минатата година се искачи на 18,38 милијарди евра
Букурешт, 9 февруари 2021 (МИА) – Надворешно трговскиот на Романија во 2020 година се искачи на 18,38 милијарди евра, што е за 1,08 милијарди повеќе од претходната година, бидејќи увозот падна за 6,6 проценти, а извозот за 9,9 проценти, според денешните податоци на Националниот институт за статистика (ИНС). Ланскиот романски извоз изнесуваше 62,17 милијарди евра, а увозот 80,56 милијарди евра, пренесува агенцијата Агерпрес. Стоки во вредност од 45,79 милијарди евра се извезени на пазарите на земјите-членки на ЕУ, додека се увезени во вредност од 59,24 милијарди евра, што претставува 73,6 проценти од вкупниот извоз на Романија или 73,5 проценти од вкупниот увоз. Извозот во земји надвор од ЕУ изнесуваше 16,38 милијарди евра, а увозот од тие пазари беше 21,31 милијарди евра. паг/

Остани поврзан