• четврток, 26 декември 2024

Трајковски: Иако не сме комплетни, не смееме да бараме оправдувања

Трајковски: Иако не сме комплетни, не смееме да бараме оправдувања
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Новиот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски, не прифаќа никакви изговори кога станува збор за успехот во претстојните дуели со Швајцарија и Словачка. - Не е оправдување тоа што не сме комплетни и што има подмладување на репрезентацијата. Имавме период на подготовки, но мал број контролни натпревари, односно само две против Црна Гора и меѓу нас уште толку. И покрај се, одиме на победа, почнувајќи од дуелот против Швајцарија, па потоа и во следните три дуели од овој претквалификациски циклус. Сега секој секого може да победи. Го видовме тоа и во минатите квалификации за Европското првенство. Ако не извадиме максимум од нас, може да ни се случи некој разочарувачки резултат и затоа добро се подготвувавме овие денови. Што се однесува до помладите кошаркари, кажав веќе еднаш дека се ветер в грб за нас и ни даваат елан со нивната енергија. Заедно треба да го оствариме тој добар резултат кој во иднина ќе биде многу важен за нив, порача Трајковски пред почетокот на турнирот во Скопје. Македонските кошаркари вечер од 19 часот ќе се соочат со Швајцарија во првиот натпер од претквалификациите за Мундобаскет 2023. зс/

Остани поврзан