• вторник, 23 јули 2024

Трамп: Никогаш немојте да се обложувате против мене

Трамп: Никогаш немојте да се обложувате против мене
Вашингтон, 13 ноември 2020 (МИА) - Во интервју за „Вашингтон егземинер“, американскиот претседател Доналд Трамп изнесе бројни обвинувања за изборни измами, кои беа директно отфрлени од изборните службеници и изрази верување дека ќе бидат откриени повеќе гласови за него во државите и оти со тоа ќе се поништи изборниот резултат, пренесува Би Би Си. - Мислам дека ќе победиме во Џорџија, рече тој, каде што Џо Бајден е пред него со повеќе од 14.000 гласови и каде е во тек повторно пребројување на гласачките ливчиња. Трамп тврдеше дека официјалните лица во Мичиген и Пенсилванија не им дозволувале на републиканските набљудувачи да следат или да набљудуваат, а тој исто така го доведе во прашање резултатот во Аризона. „Ако можеме да извршиме ревизија на гласовите, таму ќе стоиме добро“, тврди Трамп. Запрашан колку брзо може да ги докаже овие тврдења и да ги поништи резултатите, претседателот рече „веројатно две недели, три недели“, а пред да го заврши интервјуто тој рече: „Никогаш не се обложувајте против мене“. ссм/

Остани поврзан