• вторник, 24 декември 2024

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама

Њујорк, 11 декември 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува.

Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен. 

Трамп, неговите синови Ерик Трамп и и Доналд Трамп Џуниор, и други високорангирани директори на Организацијата Трамп се обвинети од њујоршката обвинителка Летиција Џејмс дека се вклучиле во децениска шема во која користеле „бројни чинови на измама и лажно претставување“ за да надујат нето вредноста на имотот на Трамп за тој да добие поповолни услови за кредит. Судењето доаѓа откако судијата во случајот со делумна збирна пресуда пресуди дека Трамп поднел „лажни проценки“ за неговиот имот, оставајќи го судењето да утврди дополнителни дејствија и каква казна, доколку ги има, треба да добијат обвинетите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан