• четврток, 04 декември 2025

Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа

Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа

Вашингтон, 1 декември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарале за разоружување на палестинското движење Хамас и за демилитаризација на Појасот Газа, како и за можноста за проширување на мировниот договор, соопшти кабинетот на Нетанјаху во Тел Авив.

Во соопштението се наведува дека Трамп го поканил Нетанјаху да ја посети Белата куќа „во блиска иднина“.

Повикот следи откако Нетанјаху побара помилување од израелскиот претседател Ицхак Херцог во долгогодишниот процес за корупција – чекор кој Трамп претходно јавно го поддржа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан