Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник
- Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претставник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.
Вашингтон, 15 декември 2024 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претставник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.
- Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги и Венецуела и Северна Кореја, објави Трамп на Трут Соушл, без детали за новите должности на Гренел, кој беше и специјален пратеник на претседателот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.
Гренел претходно беше американски амбасадор во Германија, како и вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба за време на мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година. јт/