• понеделник, 17 март 2025

Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Кочани, 16 март 2025 (МИА) - Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката, дека има приведено лица за случајот.

- Имајте разбирање, во овој момент најбитно е да ги утврдиме сите факти и дејствија., Да изразиме сочувство до најблиските на загинатите и повредените, рече министерот. ев/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан