Тошковски-Мисајловски: Да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава
- На последниот ден од годината остварив работна средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која разговаравме за досегашната соработка и можностите за унапредување на истата во иднина, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - На последниот ден од годината остварив работна средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која разговаравме за досегашната соработка и можностите за унапредување на истата во иднина, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.
- Се договоривме со здружени сили да работиме во сите области каде имаме заеднички интерес, сѐ со цел да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава, напиша Тошковски и упати благодарност до министерот за, како што подлвекува, неговата континуирана посветеност насочена кон подобрување на меѓуинституционалната соработка во интерес на македонските граѓани. цр/са/
Фото: Фејсбук на министерот Панче Тошковски