• среда, 20 ноември 2024

Тотенхем се премисли за кандидатурата на Гатузо за главен тренер

Тотенхем се премисли за кандидатурата на Гатузо за главен тренер
Лондон, 18 јуни 2021 (МИА) - Раководството на Тотенхем се премисли во врска со назначувањето на италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо на позицијата главен тренер, пренесува „The Athletic“. Според изворот, „Спарс“ се откажале од идејата поради бурната негативна реакција на навивачите по информацијата дека Гатузо може да го предводи Тотенхем. Претходно, новинарот Николо Шира на Твитер изјави дека страните веќе се договориле за договор до 2023 година и се блиску до склучување соработка. Вчера Фиорентина објави заминување на Гатузо од тренерската позиција. Тој ја презеде функцијата шеф на клубот на 25 мај и требаше да ги преземе своите должности на 1 јули. зс/

Остани поврзан