• понеделник, 23 декември 2024

Томовски: Китанов за еден мандат зема 300.000 евра 

Томовски: Китанов за еден мандат зема 300.000 евра 
Скопје, 19 ноември 2022  Почитувани, Аферата „Паразити“ метастазира во Телеком, каде државата има сопственост. Илјадници евра месечно земаат функционерите во Телеком именувани од Владата. По Никола Љушев кој зема 560.000 евра за еден мандат, односно месечно 11.500 евра, одиме со анализа на останатите членови на Одборот на директори. Зоран Китанов од Струмица, поранешен директор на ЈП Државни патишта во време на Заев, како претседател на Одборот на директори на Телеком именуван од Владата на СДС зема месечна плата од над 6.200 евра. Китанов за еден мандат ќе наплати 300.000 евра. Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија - Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек. Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес. Зошто зема плата од 300.000 евра за еден мандат Китанов и кој е неговиот придонес за државата? Kако заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра. Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра. Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година. На линија на паразитите од Телеком е и Васко Ковачевски од ЕЛЕМ и Орхан Муртезани од МЕПСО кои месечно земаат и по 1.700 евра, односно за една година над 20.000 евра, што за еден мандат се 80.000 евра. Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество. Во најтешка економска криза земаат илјадници евра плата, а нивниот придонес за државата е нула. Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан