• недела, 28 јули 2024

Тодибо се согласи да замине во Милан

Тодибо се согласи да замине во Милан
Милано, 4 јануари 2020 (МИА) - Претставниците на Милан остварија средба со дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, на која беа договорени личните услови на договорот на играчот. Дваесет годишниот Французин се согласи да се пресели во италијански клуб, пренесува „Скај спорт Италија“. Милан сака да го изнајми Тодибо до крајот на тековната сезона со опција за откуп од 20 милиони евра, додека Барселона сака да го задржи можниот приоритет за откуп. Тодибо настапи само на три натпревари за Каталонците оваа сезона. зс/

Остани поврзан