• сабота, 23 ноември 2024

Товарен авион Боинг 737 се урна во близина на Хаваи

Товарен авион Боинг 737 се урна во близина на Хаваи
Хонолулу, 2 јули 2021 (МИА) - Американската крајбрежна стража спаси две лица откако товарен авион Боинг-737 се урна во Тихи Океан во близина на Хаваи. Авионот полетал од меѓународниот аеродром во Хонолулу, а пилотите пријавиле проблеми со моторот и се обидувале да се вратат на Хаваи, но биле принудени да атерираат во вода. Двата пилоти се повредени и се пренесени во болница. Крајна дестинација на авионот бил аеродромот Кахулуи на блискиот остров Мауи. Се уште не е позната причината за несреќата. mi/

Тагови

Остани поврзан