• среда, 27 ноември 2024

Тимот кој ја изврши првата трансплатација на црн дроб, меѓу добитниците на државната награда „23 Октомври“

Тимот кој ја изврши првата трансплатација на црн дроб, меѓу  добитниците на државната награда „23 Октомври“

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Лекарскиот тим кој ја направи првата трансплатација на црн дроб во земјава, професорот Африм Османи, уметникот Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миневски се овогодинешните добитници на државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерство за култура.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на: проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот за трансплатација на црн дроб.

Дополнително, во оваа област, наградата е доделена и, на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.

За остварување  во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник, како и на писателот Блаже Миневски.

Од Одборот за доделување на државната награда информираат дека наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во Собранието на Република Северна Македонија. љм/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан