Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
- Четириесет и четири годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со трактор во Струмица.

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Четириесет и четири годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со трактор во Струмица.
Како што соопшти МВР, сообраќајната нерсеќа е пријавена вчера во 07.30 часот во СВР Струмица, а се случила на ул.„Климент Охридски“, на делницата од крстосницата со магистрален пат и бул.„Ленинова“ до крстосницата која води во Зона Север, помеѓу трактор „имт-539“, управуван од В.А.(65) од с.Баница, Струмичко, и мотоцикл „кимко“, управуван од К.М.(44) од Струмица.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. вг/
Фото: МИА Архива