• сабота, 23 ноември 2024

Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит

Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит
Сан Франциско, 22 октомври 2020 (МИА) - Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ изненади со резултатите за третиот квартал оваа година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, на начин што остварува профит веќе петти последователен квартал. Вредноста на акцијата се искачи за 4,3 проценти по објавувањето на резултатите, на 440,81 долари, објави Сеебиз. „Тесла“ соопшти дека инсталирале оваа година да имаат капацитет за производство и испорака на 500.000 возила. Приходите се искачија на рекордни 8,77 милијарди долари, од 6,30 милијарди долари една година порано. Според податоците на ИБЕС од Рефинитив, аналитичарите очекувале приход од 8,36 милијарди долари. Со исклучок на еднократните ставки, „Тесла“ забележа профит од 76 центи по акција. паг/  

Остани поврзан