Телефонски разговор Герапетритис – Гутереш
- На Блискиот Исток, кипарското прашање и улогата на Грција во Советот за безбедност се осврнале шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и генералниот секретар на Обединетите нации Антониот Гутереш во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 29 јануари 2025 (МИА) – На Блискиот Исток, кипарското прашање и улогата на Грција во Советот за безбедност се осврнале шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и генералниот секретар на Обединетите нации Антониот Гутереш во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Грција, преку платформата „Х“ информираа дека Герапетритис и Гутереш во разговорот се фокусирале „на последните случувања на Блискиот Исток, улогата на Грција во Советот за безбедност на Обединетите нации и кипарското прашање“. ср/