Телеграма на ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејството на Амди Бајрам
- Изразуваме длабоко сочувство до семејството и најблиските за ненадејната смрт на Амди Бајрам, долгогодишен пратеник во собранието на Република Македонија и претседател на партијата Сојузот на

Скопје, 24 октомври 2020
Изразуваме длабоко сочувство до семејството и најблиските за ненадејната смрт на Амди Бајрам, долгогодишен пратеник во собранието на Република Македонија и претседател на партијата Сојузот на Ромите.
Бајрам беше политичар кој се вгради во македонската општествено политичка сцена и во текот на неговиот неколку децениски политички ангажман ќе се памети по своите заложби и говорења за правата на Ромите.
Нека почива во мир.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.