• сабота, 23 ноември 2024

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Куманово, 23 април 2024 (МИА) - Тековно се спроведува гласањето на болни и немоќни лица во Куманово, соопштија денеска од ОИК Куманово.

-Право на глас имаат 180 болни и немоќни. Изборниот материјал се подигнува од општина Куманово. Избирачките одбори се поделени по термини за да се избегне метеж. Исто така започна гласањето во казнено поправаната установа затвор Куманово - К‘ шање. Таму сè тече во најдобар ред, право на глас имаат 159 лица, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

И во општина Старо Нагоричане гласањето на осумте болни и немоќни лица се спроведува тековно, информираше претседателот на ОИК, Марјан Даиловски.

Во Липково според податоците на ОИК право на глас имаат 269 лица.

- Гласањето е тековно, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.

Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места. Во Липково право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 269 места, а во Старо Нагоричане 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори. ам/сст/


Фото МИА

Остани поврзан