• среда, 27 ноември 2024

Твитер, Фејсбук и Гугл во обид да спречат ширење дезинформации на изборниот ден во САД

Твитер, Фејсбук и Гугл во обид да спречат ширење дезинформации на изборниот ден во САД
Њујорк, 3 ноември 2020 (МИА) - Твитер Фејсбук, Гугл и другите интернет компании ќе бидат зафатени со следење на своите веб-страници и ќе одлучат дали и кога за да се запре ширење дезинформации, објави вечерва Гласот на Америка. По изборите во САД во 2016 година, за време на кои интернет компаниите беа критикувани затоа што им дозволија на актерите финансирани од странство да ги користат нивните мрежи за ширење дезинформации, тие ветија дека ќе преземат чекори за подобра заштита на нивните веб-страници. Кога започна пандемијата, компаниите почнаа подиректно да се занимаваат со дезинформации за здравствената криза, велат аналитичари, и се свртеа кон повеќе автоматизирани начини, како што е користење вештачка интелигенција. - Таквите практики се прелеаа на напорите да се решат дезинформациите за изборите, рече Спандана Сајн, аналитичар на политики на Технолошкиот институт Нова Америка. Сајн изјкави дека интернет компаниите сега се приближуваат до модерирање на содржината на повеќе нијансиран начин, покрај тоа што само отстрануваат штетни или измамнички содржини. Тие означуваат одредена содржина што е сомнителна и, во некои случаи, „алгоритамски ја намалуваат содржината“, рече таа. Но, невозможно е да се знае колку се подготвени за денот на изборите, рече таа. Твитер почна да обележува некои фактички сомнителни твитови за изборни теми за да им даде на луѓето начин да најдат веродостојни информации и наведе дека на кандидатите нема да им биде дозволено да тврдат дека победиле на изборите пред објавувањето на резултатот. Фејсбук соопшти дека може да се сврти кон своите таканаречени „скршени стакла“. Што точно тоа значи, од компанијата не соопштија. Но, „Волстрит журнал“ објави дека компанијата може да се сврти кон преземени мерки во Шри Ланка и Мјанмар, како што се деактивирање хаштагови поврзани со лажни информации за резултатите од изборите или сузбивање на вирусни објави кои шират пораки за насилство или лажни вести. ссм/

Остани поврзан