• петок, 13 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајван и САД ги одржаа првите разговори за царините    

Тајван и САД ги одржаа првите разговори за царините    

Вашингтон/Тајпеј, 12 април 2025 (МИА) - Тајванските власти вчера ги одржаа првите разговори за царините со американски официјални лица, објави денеска  тајванската влада. 

Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се наведува  во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори. 

Преговорите се водеа преку видео конференциска врска. сд/ 

фото:ЕПА

Остани поврзан