• сабота, 23 ноември 2024

Таткото на Ѓоковиќ: Ако мојот син не биде ослободен, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите!

Таткото на Ѓоковиќ: Ако мојот син не биде ослободен, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите!
Белград, 5 јануари 2022 (МИА) - Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан проговори за тоа дека неговиот син бил изолиран на аеродромот во Мелбурн. - Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво цели шест часа. Ова е веќе борба за нашата заедничка слобода. Не само за Новак, туку и за целиот свет! Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица - ова е борба за сите! – изјави Срѓан за српски „Спутник“. Првиот светски рекет се соочи со проблеми при слетувањето во Австралија поради наводно неправилно издадена виза. Српскиот тим погрешно ја пополнил клаузулата за вакцинација против коронавирус и медицински третман. Ѓоковиќ пред летот објави дека добил медицинска потврда за учество на Австралија опен, кој ќе се одржи од 17 до 30 јануари. За да патуваат во Австралија, на сите странци им е потребна вакцина од одобрена листа или медицинска потврда за оправдано ослободување од вакцинација. зс/

Остани поврзан