• четврток, 07 ноември 2024

Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врак со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат.

- Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената која што беше бремена од Куманово која  почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија. Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган, подвлече тој. 

Истакна дека извештајот од Куманово утрово бил доставен во Министерството за здравство.

-Сега ќе ме брифираат штом се вратам оти беше извештајот малку подолг. Јас планирам, можеби денеска во 13 часот ќе свикам повторно прес-конференција во Министерство за здравство, за двата случаи, очекувам можеби и од Педијатрија ќе стигне извештајот денеска, додаде тој. 

Запрашан дали ќе има обвинение во врска со случајот во кој починаа мајка и дете, во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално да нема и тој последици, ако навистина причината за смрт е труење. Министерот додаде, дека, дали ќе има обвинение или не, е предмет на истражните органи и на правниот систем.

Околу вакцините за сезонски грип, рече дека веќе се стигнати и почнува дистрибуција на вакцините низ државата. бд/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан