Таравари се сретна со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина Дубравка Бошњак
- СООПШТЕНИЕ: Во рамките на турскиот Медицински светски конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, одржа продуктивен состанок со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак. На состанокот беше договорено да се интензивира соработката во областите од заеднички интерес, со посебен акцент на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики.

Скопје, 15 ноември 2024
Во рамките на турскиот Медицински светски конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, одржа продуктивен состанок со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак. На состанокот беше договорено да се интензивира соработката во областите од заеднички интерес, со посебен акцент на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики.
Овој состанок претставува уште еден чекор напред во градењето силни односи и промовирање на регионалната соработка во областа на здравството.
Министерство за здравство
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Министерство за здравство