• сабота, 22 февруари 2025

Сузана Бошњаковска избрана за јавен обвинител во ОЈО Берово

Сузана Бошњаковска избрана за јавен обвинител во ОЈО Берово

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - Советот на јавни обвинители едногласно ја избра Сузана Бошњаковска за јавен обвинител во ОЈО Берово.

Бошњаковска доаѓа од Академијата на судии и јавни обвинители, и моментално е јавен обвинител во ОЈО Делчево.

Изборот на Бошњаковска доаѓа како пополнување на целосно испразнетото ОЈО Берово по изборот на јавниот обвинител Златко Биковски во Републичкото јавно обвинителство. аа/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан