Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува со сослушување на сведоци
- Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.
Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.
Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.
Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. оџ/aa/